Наркобосот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), е убиен во Истанбул.

Веста за убиството на водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ  во Истанбул ја објави „Vijesti”  и додава дека Вукотиќ бил во бегство, а црногорските правосудни органи распишале потерница пред една година.

Вукотиќ во Турција беше уапсен во септември 2018 година кога и беше испорачан на Србија, каде доби казна од 15 месеци затвор поради користење на фалсификуван македонски пасош со негова слика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.