Премиерот Кирил Петков се обидува да го игнорира коалицискиот договор за Македонија и да го отфрли ветото на Бугарија без никакви услови. Ова на Фејсбук го напиша лидерот на Има таков народ Слави Трифонов.
„Сакам да ви кажам нешто. Ќе го направам како што го правам секогаш, отворено и чесно. Независно на која партија симпатизирате, независно за која партија сте гласале, независно дали воопшто сте гласале. Има нешто што сите вие граѓани на Бугарија да го знаете. Како што знаете пред да се создаде оваа Влада ние 4 те партии во коалицијата одржавме преговори и потпишавме коалициски споразум. Во него во делот надворешна политика сите се согласивме дека Бугарија ќе ја зачува досегашната позиција во однос на Македонија. Тоа значи дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе се случи тогаш кога тие ќе почнат да го спроведуваат Договорот од 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков сака да го игнорира овој споразум и да го тргне веттото без никакви услови. Тој сака до крајот на јуни Северно Македонците да започнат преговори со ЕУ, без да има никакви правни гаранции за правата на Бугарите во таа држава. Морам да прецизирам дека тој тоа го прави без да ги усогласи своите активности со дипломатите од МНР, со Парламентот и со коалициските партнери“, пишува Трифонов.
„Ние од ИТН и јас како граѓанин на Бугарија сметаме дека има нешта со кои не може да се тргува. Националната чест и достоинство не се за продавање. Истото важи и за правата на Бугарите во РС Македонија. Историската меморија и вистина, не се за продавање. Тоа е моето мислење и се надевам дека и вие мислите така. Ние едноставно сме Бугари. Токму затоа ние од ИТН нема да се согласиме со безусловното и договорено некаде во темни доби кревање на ветото за Македонија.“ додаваТрифонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.