По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти. Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.

Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека (околу 163 денари), килограм шеќер 123 лека (околу 62 денари), килограм ориз 104 (околу 53 денари)  и килограм брашно 90,5 лека (околу 46 денари), пренесува Ора њуз.

За сите оние трговци на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, за трговците на мало 2 милиони лека.

Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени, стои во одлуката.

Исто така, со овој нормативен акт, меѓу другото, сите трговци се обврзани да преземат мерки и за одржување резерви за три месеци, во согласност со рокот за употреба, со цел да гарантираат нормално снабдување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.