Цвеќиња, пораки, свеќи денеска беа оставени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, каде бројни граѓани ја искористија можноста да одбележат 40 дена од загинувањето на децата и чуварот во крвавиот пир на 13-годишниот ученик. Училиштето е отворено за секој кој сака да положи цвеќе од 10.00 до 18.00 часот и да оддаде почит за Драган и деветте загинати деца.

Но, репортерот на порталот Нова.рс забележал еден монструозен потег – на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со куршум врз неа.

(фото: Dragan Mujan/Nova.rs)

За ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.