Момчето-убиец, кое на 3 мај уби 9 ученици и припадник на училишното обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се уште е на специјален третман во белградска клиника. Тој нема пристап до телефон, лаптоп, весник, радио или телевизија.

Овие мерки се преземени за момчето-убиец да биде целосно изолирано, и да се обезбеди потребниот простор за психолошка анализа, пишува „Блиц“. Отуѓувањето од надворешниот свет е неопходно и во контекст на (не)гледањето на реакциите во јавноста за незапамтеното злосторство, зартоа што момчето-убиец во неколку наврати се интересирало како е претставен во медиумите и изразило уверување дека тој станал „популарен“.

Нема молба, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе скандираат за него, вели извор на „Блиц“.

Под постојан надзор на полицијата и лекарите

Полицијата цело време продолжува да го обезбедува момчето за тоа да не се повреди себеси или некој друг. Тој е изолиран од другите пациенти, а контакт му е дозволен само со медицинскиот персонал.

Неговото однесување до сега беше мирно. Не правел инциденти во болница, затворена установа, каде моментално е изолиран, вели изворот.

Официјално со него разговараат само психијатри и психолози чија цел е да ја анализираат структурата на неговата личност и психолошките особини. Целта е длабоко да се разбере начинот на размислување на момчето и да се најде мотивацијата зад неговите криминални дејствија. Момчето го очекуваат серија психолошки тестови и проценки, кои вклучуваат различни методи на анализа на личноста, за да можат експертите да навлезат длабоко во неговиот ум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.