Може да се најде„вин-вин“ решение што ќе резултира со повторно обединување на скулптурите на Партенонот во Грција, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Лондон за време на дискусијата организирана од Лондонската школа за економија, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој додаде дека во исто време во евентуалното „вин-вин“ решение би се земала предвид и „загриженоста што би можела да ја има британскиот музеј“.

Мицотакис истакна дека за Мермерите на Партенон што се наоѓаат во Британскиот музеј го користи изразот „повторно обединување“, наместо „враќање“, но и посочи дека има напредок, но не сака јавно да говори за разговорите и да открие повеќе детали.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој вчера беше во посета на Лондон, синоќа се сретна со кралот Чарлс Трети, што воедно беше прва нивна средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава.

Мицотакис и неговата сопруга беа примени во кралската резиденција во Виндзор, а според грчките медиуми средбата поминала во позитивна и срдечна клима



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.