Меѓу загинатите во големата несреќа која денеска се случи на железничката станица во Нови Сад има еден жител на Македонија, кажа вечерва во телевизиското обраќање претседателот на Србија, Александар Вуќиќ. Според последните информации, вечерва било извлечено уште едно тело од урнатините, така што бројот за загинати се искачи на 15. Претпладнево се сруши настрешница на железничката станица во Нови Сад и уби 15 лица, а има и повредени.

Ни се случи голема трагедија. На пет лица уште не успеавме да им го дознаеме идентитетот, осумина се државјани на Србија, еден е државјанин на Македонија. На семејството  на сите блиски во име на сите граѓани им изразувам длабоко сочувство. Мора да се обединиме и да им помогнеме на семејствата, кажа Вучиќ во обраќањето до јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.