Мајката, 32-годишната А.Р. која физички нападна наставничката во белградското основно училиште „Јован Дукиќ“, денеска ќе биде изнесена на сослушување во обвинителството.
Уапсена е за кривичните дела малтретирање и тортура и загрозување на безбедноста откако вербално и физички ја нападнала наставничката по биологија и на која и биле констатирани повеќе полесни повреди.
Според нејзината изјава, на наставничката и е нарушено човечкото достоинство, а таа чувствува страв за својата безбедност, се наведува во соопштението и се додава дека случајот предизвикал вознемиреност и кај граѓаните, особено поради тоа што се случил во основно училиште.
Инцидентот се случил откако мајката дошла во училиштето и ја прашала професорката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, иако тој имал просек 3, не знаејќи дека во просекот е вклучена и оценката од првото полугодие.
Наставничката по биологија ја повикала мајката во канцеларија, но насилството потоа ескалирало.
Мајката се заканувала дека ќе оди кај директорката. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила ја повлекла наставничката за коса, ја соборила и ја удрилка со главата на подот, велејќи и дека никогаш нема да работи на друго место.
Колешката има контузија на градниот кош, а повредени и се и ногата и раката, а има и гребаници, изјавила колешката на повредената наставничка која ја придружувала до болница.
Таа наведува дека сите се преплашени и згрозени од тоа што и се случило на нивната колешка.
Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала.
Како што понатаму изјавија родителите од училиштето каде се случи овој инцидент, жената која ја нападнала професорката по биологија била крупна и била спортски тип.
Вчера во знак на поддршка за наставниците беше организиран протест против насилството пред училиштето на кој учествуваа наставници, родители и ученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.