Германската министерка за Европа, Ана Лурман која по вчерашната посета на Скопје, денеска престојува во Тирана, на прес-конференција рече дека Германија е посветена на започнување преговори на Албанија и Македонија со Европската Унија.

На прашањето дали треба одделување на Албанија од Македонија на овој пат, не даде директен одговор, туку рече дека добиле позитивни сигнали од Бугарија, која стави вето на Македонија и го кочи овој процес.

-За нас е од суштинско значење да се оди по овој пат на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Македонија. Од преземањето на функцијата во моите разговори во Брисел, разговарав за ова прашање за да продолжиме напред во отпочнување на разговорите со Македонија и Албанија. Следниот месец ќе разговараме за тоа на форумите во Брисел. Добивме позитивни сигнали од Бугарија и ќе се обидеме што поскоро да го најдеме најсоодветното решение, рече германската министерка, пренесува агенцијата Балкан веб.

На прес-конференцијата со албанскиот вицепремиер Арбен Ахметај, таа додаде дека перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е од стратешко значење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.