Портпаролот на ЕУ Петер Стано потврди дека специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, оваа недела ќе ги посети Приштина и Белград. Лајчак утре ќе ја посети Приштина, а в петок ќе го посети Белград.

„Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог редовно патува во регионот и често ги посетува Приштина и Белград, особено по состаноците на високо ниво во Брисел за да следи и продолжи со она што беше одлучено или договорено во Брисел и да ги подготви следните чекори и состаноци, изјави Стано.

Се очекува Лајчак да се сретне и со лидерите на Србија и на Косово, како и со главните преговарачи, бидејќи во моментов работи на подготовка на средбата на шефовите на преговарачките тимови. Посетата на Лајчак се случува по средбата на највисоко политичко ниво што се одржа на 2 мај во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.