Портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано потврди дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да го укине користењето на динарот.
Стано исто така потврди и дека Лајчак упатил покана до Приштина и Белград за состанок што требаше да се одржи на 27 февруари.
„Обично не коментираме за преписките со партнерите. Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија – тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција што ја достави до медиумите.
Овие коментари на портпаролот на Брисел доаѓаат откако еден ден претходно, на 21 февруари, главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими изјави дека ја одбил поканата на Лајчак, тврдејќи дека тоа не е состанок на кој мора да оди главниот преговарач, бидејќи, според за него, „прашањето за динарот не е дел од дијалогот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.