Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека му е благодарен на американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар за поддршката за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој на својот Твитер профил напиша дека е благодарен и на „американската дипломатија за нивниот силен ангажман во поддршката на дијалогот со посредство на Европската унија“.
Неговата изјава доаѓа откако шефот на европската дипломатија Жозеп Борел претходно денеска изјави дека Србија се согласи да го укине издавањето влезно-излезни документи за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти.
Борел на Твитер наведе дека е „постигнат договор“ во преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.
„Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија, користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од (косовскиот) премиер Албин Курти за ова“, рече Борел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.