Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите, оценувајќи го како добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите.

Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи”, јави дописничката на МИА од Тирана.

Добри вести, решавање на прашањето за слободно движење меѓу Србија и Косово преку дијалог, и со честитки до двете страни. Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес, напиша Рама.

Постигнатиот договор го поздрави и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка.

Преку објава на Твитер Џачка пишува дека договорот е добра вест за регионот и дека Косово и Србија имаат договор од кој корист имаат и Албанците и Србите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.