Косовскиот премиер, Албин Курти, ги повика на средба лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демократски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово), со цел да ги информира за последната средба во Брисел со претсдателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портпаролот на Владата, Прпарим Криезиу изјави дека поканите за средба на опозициските лидери им се испратени по електронска пошта, а ќе им бидат доставени и во физичка форма.
Средбата Курти ја најави на седницата на Генералниот совет на неговата партија, Движење самоопределување. Во таа прилика Курти изјави дека политичките несогласувања меѓу власта и опозицијата не смеат да го надминат државниот интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.