Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека воената интервенција на НАТО во 1999 година го запре геноцидот на Србија врз косовскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешното одбележување на 24-годишнината од ослободувањето на Косово, односно од влезот на силите на НАТО во земјата и заминувањето на српските воени и полициски сили, Курти се заблагодари на меѓународните сојузници за тоа што на косовсарите им ги донесоа слободата и мирот.
По ослободувањето доаѓа мирот. Денеска, на 12 јуни, се сеќеваме и ја славиме 24-та годишнина на ослободувањето и воведувањето на мирот во нашата земја. Заедно со претседателката на Републиката (Вјоса Османи) и претседателот на Собранието (Глаук Коњуфца) ги чествувавме, со поставување свежи цвеќиња и одавање почит, хуманизмот на (Ибрахим) Ругова, цврстината на (Адем) Демачи, жртвата на семејството Јашари и придонесот на НАТО, изјави Курти.
Тој им одаде почит на сите кои го дадоа живото за слободата на Косово и им изрази вечна благодарност на силите на НАТО кои интервенираа против Србија.
Се поклонуваме пред сите паднати борци и маченици на нацијата и сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата на народот и ослободувањето на Косово. Воената интервенција на НАТО го спречи српскиот геноцид врз нашиот народ, ние сме секогаш и засекогаш благодарни“, рече Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.