Мајката на ученик во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Белград која ја нападна и брутално ја претепа наставничката по биологија, во полиција признала дека завршила курс за боречки вештини, пишува Курир.
Мајката дојде на отворената врата и ја праша наставничката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, но тој има просек од 3. Притоа не знаела дека и оценката од првото полугодие е собрана. Таа и кажа ужасни работи: „Не знаеш која сум јас, кучко, ќе ти ја еб*м мајката“, вели наставничката од белградското основно училиште „Јован Дучиќ“, која со повредената колешка отишла во болница..
Таа потоа се заканила дека ќе оди кај директорот, што наставничката по биологија го поддржала. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила. Ја потегнала за косата, таа паднала на подот и ја удрила главата.
Ќе ти го убијам семејството. Нема да работиш никаде на друго место, нема да работиш во ова училиште, ќе се сеќаваш на мене, не знаеш кој сум. Ќе ти го убијам семејството“, извикувала арогантната мајка.
Бидејќи било одмор никој не ги слушнал повиците на нападнатата учителка за помош, па разгневената мајка продолжила да вреска и да вели:
Никој не те слуша, ќе те убијам“.
Дури тогаш наставничката успеала да избега, дотрчала кај обезбедувањето, но тој не бил таму. Вработените потоа повикале полиција, која дошла и земала изјава.
Колешката има контузија на градниот кош, а повредени се и ногата и раката, а има и гребаници“, рекол една од колешките на повредената наставничка која ја придружувала до болница.
Таа наведува дека сите се преплашени и згрозени од тоа што и се случило на нивната колешка.
Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала. Како што понатаму велат родителите од училиштето каде се случи овој инцидент, жената која ја нападнала професорката по биологија била крупна и била спортски тип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.