Поддршката на Србија за исклучување на Русија од Советот за човекови права на Обединетите Нации е пример за принуда и присилување кон русофобијата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој оцени дека не станува збор за разбирање и простување, туку за разбирање на, како што наведе, „тешките ситуации, овој невиден притисок и принуда на русофобијата“, пишува „Известија“.
Сето ова го доживуваат сите земји кои се обидуваат да заземат балансирана позиција. Ние го разбираме тоа – изјави Песков за новинарите.
Генералното собрание на ОН на 7 април усвои резолуција со која се суспендира членството на Русија во Советот за човекови права на ОН, а земјите од регионот, вклучително и Србија, гласаа за резолуцијата.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија сакала да се воздржи за време на гласањето, но дека се соочила со големи притисоци.
Официјален Белград претходно го поддржуваше територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и Украина, но Србија не се приклучи на западните санкции против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.