Коста се жали кај лекарите: Доаѓа први септември, сакам да одам на училиште

Балкан 30.08.2023 / 8:55

Коста Кецмановиќ, момчето-убиец што го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, знае дека наближува први септември и почетокот на новата учебна година.

Како што дознава порталот „Republika.rs“, тој дивеел претходните денови на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде што е сместен и хистерично барал да оди на  часови.

Не му се допаѓа идејата да има онлајн настава, туку сака да има часови во живо.

Со часови бил хистеричен и повторувал дека мора да има часови, дека мора да учи. Не сакал снимени предавања,  туку настава во живо. Зборува за своите права, за тоа дека е малолетник и дека немаат право на кој било начин да го казнат, па затоа и да му го ускратат училиштето – пишува „Република.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести