Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, во разговор за германските медиуми предупреди на можноста од нова војна на Балканот. „Доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија, ќе има нова војна“, изјави Доника Гервала-Шварц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk и побара од меѓународната заедница да преземе мерки против Србија.
„Вучиќ ќе престане само ако ЕУ воведе санкции против Србија. Исто така треба да се заканите со замрзнување на преговорите за членство во Европската унија доколку Белград не ги предаде одговорните за настаните од пред осум дена и не се откаже од нападот на Косово и сите други земји во регионот“, рече таа.
Гервала – Шварц смета дека Србија сака да „создаде нови факти“ за да го принуди Косово да се согласи на територијални отстапки на преговорите во Брисел. „За среќа, обидот пред осум дена не успеа, но кој знае што носи иднината… Целта на Белград е да окупира дел од територијата на Косово. Ова не е прв пат Вучиќ да ја стационира војската на границата со Косово“, рече Гервала-Шварц.
Истовремено, германските медиуми јавуваат дека во понеделникот косовската влада презентирала видеа со кои се докажува дека терористичката група која на 24 септември го нападна Косово и уби полицаец уживала логистичка поддршка од српските државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.