Централната банка на Косово објави дека вредноста на средствата што дијаспората ги испратила во земјата од јануари до октомври годинава изнесува милијарда и 200 милиони евра.

Според статистичките податоци за ремитентите и другите финансиски институции, што ги објави Централната банка на Косово (ЦБК), вредноста на средствата кои дијаспората годинава ги испратила до косовските граѓани во месец октомври 2023 година изнесува 110,5 милиони евра.

Според ЦБК, најголем прилив на вакви дознаки имало од небанкарските финансиски институции, со учество од 60,4 отсто, по што следат останатите канали со 24,2 отсто и банките со 15,4 отсто.

Во објавата на ЦБК се даваат податоци и за имотот на осигурителните компании, според кои до септември нивната вредност изнесувала 300,4 милиони евра, додека средствата на пензиските фондови достигнале вредност од 2,6 милијарди евра.

ЦБК, исто така, објави дека средствата на другите финансиски посредници на крајот на октомври 2023 година се зголемени за 17,6 милиони евра во однос на претходниот месец, достигнувајќи вредност од 496,5 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.