Владата на Косово ја дополни одлуката за санкции против руската приватна воена компанија „Вагнер“ во согласност со одлуката на САД кои ја означија како „транснационална криминална организација“ поради тоа што до почетокот на војната во Украина дејствувала како инструмент на руската моќ во десетици земји.
Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими, изјави дека санкциите против „Вагнер“ групата се воведуваат со цел да се ослабат капацитетите на Руската Федерација да води војна против Украина.
Поради оваа причина, Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово предлага да се дополни и измени одлуката на Владата на Косово (од 16 мај 2022 година) за спроведување на меѓународните санкции воведени од САД, а кои ги спроведува нашата Република во однос на меѓународните обврски кон Групацијата „Вагнер“ како и нивните соработници и други компании кои ја поддржуваат руската воена кампања“, изјави Бислими.
„Вагнер“ е приватна воена компанија основана во 2014 година од рускиот државјанин Евгениј Пригожин, кој е близок до Кремљ. Групата е под санкции и на Европската Унија од декември 2021 година поради наводно кршење на човековите права во вооружените конфликти низ целиот свет.
Оваа група исто така е активно вклучена во војната во Украина, а од неодамна нејзините платеници се сметаат за значајна сила во напорите на Русија да ја преземе контролата врз Бахмут.
Владата на Косово претходно воведе санкции кон Русија во согласност со санкциите воведени од САД и земјите од Европската Унија поради војната во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.