Албин Курти со своите провидни лаги никого не успева да измами, вели директорот на Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија Петар Петковиќ, според кого косовскиот премиер и неговиот заменик Бесник Бисљими со своите провидни лаги и демагогија никого не измамуваат. Тој додаде дека на целата меѓународна заедница ѝ е јасно дека Курти на Србите на Косово од 1 ноември им спрема пекол.
Петковиќ во соопштението истакна дека Курти и Бисљими со месеци опсесивно сонуваат за ескалација на кризата на северот на Косово.
Може волкот стопати да се облече во јагнешка кожа, но никого нема да убеди дека го сменил карактерот. На целата меѓународна јавност ѝ е добро познато дека Курти подготвува пекол за Србите на Косово и Метохија од 1 ноември, со сета свест и одговорност за последиците на таквото постапување за целиот регион на Западниот Балкан, наведе Петковиќ.
Истакна дека колку и да сака Курти да го покори српскиот народ, треба да знае дека тоа никогаш нема да се случи и дека Белград секогаш ќе биде со својот народ на Косово.
Петковиќ истакна дека тензиите и кризите на Косово се избегнати само благодарение на умереното и одговорно постапување на српскиот народ и српските власти.
И затоа Курти и Бисљими не можат никого да излажат дека се спремни на компромис, бидејќи сè што прават е со долгорочна цел за протерување на српскиот народ од покраината. Тоа Белград никогаш нема да им го дозволи, порача Петковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.