Во јули цените на непреработената храна во Србија се зголемија за 24,8 отсто на годишно ниво, а во еврозоната за 11 отсто.

На прашањето на новинарите на „Данас“ за време на презентацијата на Извештајот за инфлација на Народната банка на Србија која е причината за таа разлика, Милан Трајковиќ, заменик генерален директор на Секторот за економски истражувања и статистика на НБС, објасни дека пред две години цените на храната во Србија биле на ниско ниво.

Покрај сушата која влијаеше на цените, пазарот на ЕУ е значително поголем и подлабок. Имаме поголема нестабилност на цените, објасни тој.

Но, интересно објаснување понуди и гувернерката Јоргованка Табаковиќ.

За време на пандемијата потрошувачката на тој вид храна беше намалена. Еве, на пример, компирот поскапи за 152 отсто зошто кога помина пандемијата, луѓето почнаа повторно да организираат свадби и прослави, па потрошувачката се зголеми. Покрај сушата и други фактори, и тоа доведе до зголемување на цените, заклучи гувернерката.

Таа додаде дека НБС се обидува да ги избегне ефектите од прелевање на цените поради девизниот курс, но дека не може да ги спречи земјоделците да ги споредуваат светските пазари и цени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.