Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го усвои нацрт-извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Приштина да добие одобрение да стане членка на Советот на Европа.

За прием гласаа 131 од присутните 171 член на ПС СП, 29 беа против, а 11 беа воздржани.

На веб-страницата на ПССЕ беше објавено кои претставници гласале на вчерашната седница.

Осум пратеници од Шпанија и четворица пратеници од Унгарија, двајца од Кипар беа против членството на Приштина во Советот на Европа, а само еден глас беше против од пет пратеници од Грција. Против гласаше и еден пратеник од Германија. За гласаше и Дарко Каевски од СДСМ.

Против беа седум члена на српската делегација, како и Маја Вукиќевиќ од Црна Гора, како и Сњежана Новаковиќ и Бранислав Бореновиќ од Босна и Херцеговина.

Меѓу 11-те воздржани имаше и еден пратеник од Црна Гора, шест Италијанци и тројца Молдавци, како и еден пратеник од Германија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе испрати препорака за прием до Комитетот на министри за надворешни работи, кој ја донесува конечната одлука со двотретинско мнозинство од министрите или амбасадорите кои ги претставуваат и кои се присутни во моментот на гласањето.

Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи од 16 до 17 мај во Стразбур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.