Медиумите во Албанија продолжија да откриваат детали за најозборуваното досие, она за улогата на поранешниот претседател Илир Мета во државната безбедност.
Вокс њуз ја анализира улогата на поранешниот претседател Мета во државната безбедност, врз основа на досије.
– Целата оваа фабула почнува во 1988-1989 година, кога студентот Филип Тало, најблизок пријател на Илир Мета, решава да побегне во Грција. Тој го споделува својот план во доверба со неговиот  пријател Илир Мета, моментално претседател на Партијата на слободата и поранешен претседател на Републиката, наведува изворот.
По ова признание меѓу пријателите, планот на Филип Тало се разоткрива и тој е повикан како обвинет. Според безбедносното досие, од 140 страници, тој бил повикан на  распит пред судот, за причините за бегството во странство. Како сведок  се појавува  и Илир Мета, кој кажал дека од неговиот пријател слушнал за планот за бегство кон Грција.
– Оваа епизода е детално опишана во досието на Државната безбедност, каде јасно се споменува името на Илир Реџеп Метај како сведок против Филип Тало. После тоа, со падот на режимот и доаѓањето на демократијата и вклучувањето на Илир Мета во политиката, овој се погрижил да си го расчисти своето минато како дел од државната безбедност. Освен што од презимето ја избришал последната буква и добил идентитет Илир Мета тој се погрижил да го замолчи Тало со прием во партијата и давајќи му директорска  функција, кога на власт бил во коалиција со демократите, стои понатаму .
Тоа значи, заклучува Вокс њуз, дека  Илир Мета покрај махинациите и маневрите преку модификација на презимето (од Метај во Мета) се обидел во овие три децении да го “затскрие  еден од најмрачните периоди од својот живот, како соработник на тајната служба  преку купување и заведување на главниот сведок”.
Додава дека и доколку сака повторно да го поткупи и да не сведочи за случувањата Тало не може да го стори тоа бидејќи во матичната евиденција постои само едно лице запишано под идентитет Филип Тало.
Според таен документ доставен до парламентот Мета е запишан како соработник на поранешната тајна служба ШИК, што претседателката на парламентот Линдита Никола го оцени како шокантен случај и по итната седница со координаторите на пратеничките групи најави седница, во кое било време, на парламентот штом ќе побараат партиите.
Ваквата информација ја отфрли Мета оценувајќи дека се прави со цел одвлекување на вниманието од големата корупција и криминал на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.