Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ изјави дека апликацијата Скај е валиден доказ, но не и единствен, дека стотина полицајци имале врски со криминални кланови и посочи дека граѓаните ќе бидат изненадени со каков имотот некои од нив располагаат.

Тој потсети дека овие сознанија дошле откако Црна Гора ги добила податоците од Европол, а сега против нив се собираат и други докази. Тој уверува дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и дејствија тие да не влијаат врз функционирањето на овој оддел и очекува во наредниот период да и зададат најтешки удари на мафијата, пишува „Вијести“.

Некои од тие лица се веќе суспендирани, а станува збор за тие кои веќе се спомнати во одредени случаи, а за некои што ја злоупотребиле функцијата, се бара начин да бидат отстранети од службата, вели Аџиќ.

Како запрепастувачки податок наведе дека околу 60,70 вработени не доаѓале на работа, а им биле исплатени, како што посочува, речиси два милиони евра. Еден од нив, додава Аџиќ, добил над 30.000 евра.

Мораме да престанеме со оваа практика, рече Аџиќ и додаде дека голем број полицајци се под истрага поради нивниот „начин на живот“, а граѓаните ќе се изненадат кога ќе видат со колкав имот располагаат полицајците.

Тој додаде дека секојдневно добиваат информации од Интерпол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.