Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако нне се формира влада тогаш нема да има ниту буџет.

– Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов.

Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии.

– Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.