Основниот суд во Приштина ја објави пресудата со која државјанин на БиХ, Насер Кељменди, кој претходно од американските агенции беше идентификуван како балкански нарко бос, е осуден на четири години и осум месеци затвор за трговија со дрога.

Судот соопшти дека во неговата казна ќе биде вклучено и времето поминато во притвор од мај 2013 до јуни 2017 година, како и од 1 февруари 2018 до 24 јули 2018 година.

Кељменди не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.Нарко босот е роден во Пеќ, а во 2013 година беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од властите на БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.