Засилување на активностите односно блокирање на патишта, автопати и гранични премини, како и одржување голем протест во Атина следната седмица, одлучија грчките земјоделци на состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, на состанокот присуствувале 55 блокови на земјоделци и 70 федерации, кои ги повикале нивните колеги од утре масовно да учествуваат во активностите, а одлучиле: блокади и затворања со трактори на автопатите и локалните патишта и на граничните премини, протести низ градовите и централен протест следната недела во Атина со трактори.
Земјоделците изразиле незадоволство од досегашните мерки на Владата, како и оние кои грчкиот премиер го соопшти во петокот и бараат:намалување на трошоците за производство, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите.
Владиниот портпарол Павлос Маринакис во интервју за радио порача дека „вратата од кабинетот на премиерот е секогаш отворена за средба со земјоделците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.