Големо внимание на јавноста привлече информацијата што ја соопшти главниот јавен обвинител  а се однесува на мајката на момчето-убиецот Коста К.

Форензичарот Часлав Ристиќ за „Информер“ вели дека Миљана К. најверојатно имала контакт со муницијата пред нејзиниот син да тргне во убување и и дека така оставила ДНК .

– Во тој стан живееше со сопругот и синот. Најверојатно дошла во контакт со таа муниција и така ја оставила својата ДНК. Дали тоа било од љубопитност или од потреба, тоа нека го утврди истрагата. Ова може да укаже на многу работи – вели Ристиќ.

 

Според него, постапката за недозволено носење и поседување оружје, што обвинителството ја покрена против мајката на Коста, укажува дека таа имала контакт и со оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.