Во тек е судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, 13-годишникот кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија. На Владимир Кецмановиќ му се суди за тешко дело против безбедноста затоа што една година пред масовното убиство го обучувал синот да ракува со огнено и воздушно оружје, а на Миљана Кецмановиќ за недозволено производство, носење, држење и трговија со оружје и експлозивни материи.

За таткото се бара максимална казна од 12 години, додека за мајката се бара затворска казна од 2,5 години.

Родителите на убиените деца реагираат што судењето се одвива зад затворени врати и што јавноста не може да ги следи рочиштата и сведоштвата. Се сомневаат дека така се отвора врата за ослободување на родителите, кои велат во јавноста се прикажуваат како жртви, иако не покажуваат ни ронка емоција, срам, каење или вина за она што го направи нивниот син.

Мајката на убиената Ана Божовиќ, Нинела Радичевиќ, им порача само едно на сите кои ги изедначуваат солзите на семејствата на убиените со солзите на Кецмановиќ – Мрш бре!

И верувајте, многу сум фина во однос на тој простотилук што се пласира по медиумите и по социјалните мрежи. И ме заболе ако некој мисли дека сум проста. Сум, и што седа? Миљана Кецмановиќ денеска во судницата се правеше како да нема поим која е мајката на убиеното дете. Жената собра сили да ѝ пријде, а да не ја нападне физички. Дивата го извади телефонот, ја слика и после нешто си шепотеше со нејзиниот адвокат. Ајде, тужете нè, баш и тоа да го видам, хоштаплери, порача Радичевиќ.

Таа претходно сподели и фотографија од Миљана, на која мајката на Коста пред почетокот на рочиштето се смее.

Миљана Кецмановиќ, мајката на масовниот убиец од Рибникар на денешниот главен претрес не го криеше доброто расположение. Нејзиниот израз на лицето ми кажува дека засега сè оди по план. Колку што гледам, успеала и да се нашминка. Не знам, еве да речеме, јас шминка веќе воопшто не користам… Често плачам, јебига, пишува Нинела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.