Хрватската контрола на летот го информирала Оперативниот центар за цивилна заштита за исчезнат авион од типот Цесна северно од Раковица, на надморска височина од 2.300 стапки, кој полетал од Сплит. Предмалку беше објавено дека леталото се урнало.

Според хрватските медиуми, авионот се движел на север кон Германија.

. Припадниците на ХГСС со дрон и полицијата се испратени на координатите на исчезнувањето.

Жупанискиот центар за цивилна заштита 112 Карловац ги координира оперативните сили на терен, информираат од хрватското МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.