Хрватскиот адвокат Анто Нобило, кој има искуство со меѓународните трибунали за воени злосторства, смета дека Владимир Путин во моментов не може да се нарече воен злосторник. Тој додава дека за случувањата во Буча не би смеело да се користи зборот „геноцид“.

Нобило смета дека конструкциите „воен злосторник“ и „геноцид“ станале политичко средство и дека нивното прелесно изговарање може да доведе до опасни последици.

Како што вели Нобило за „Вечерњи лист“, според меѓународното право, претседателот на Русија не е воен злосторник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.