На иницијативниот одбор за обнова на православната црква Свети Архангел Михаил во местото Отишиќ во Далмација, му бил хакиран профилот на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што било поставено усташкото знаме и натписот „За дом спремни“.

Овој профил е направен исклучиво за обнова на Храмот, чиј иницијатор е дописничката на Срна од Дрвар, Јелена Дешиќ.

Сите податоци од профилот се украдени, а случајот е пријавен во полицијата во Дрвар.

Ова не е првпат Дешиќ да биде цел на напади од непознати лица на национална и верска основа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.