Во средата околу 22.05 часот во стан во Осиек, Хрватска е убиена 21-годишна девојка, која била смртно ранета од службеното оружје на нејзиното момче, полицаец, пренесува „Јутарњи“. Но, како што тврди осечко-барањската полициската управа, по спроведената кривична истрага утврдено е основано сомнение дека 27-годишен полициски службеник од оваа управа сторил кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ од чл.222. ст.4 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „Загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство“ од член 215 ставови 1 и 3 од Кривичниот законик на штета на 21-годишна жена.
Кривичната истрага утврдила дека 27-годишниот полицаец поради „невнимателно ракување со службеното оружје“ испукал истрел кој ја погодил девојката, по што таа починала.
Поради наведеното, тој заедно со кривичната пријава ќе биде предаден на притворскиот надзорник.
Со решение на началникот на Полициската управа Осиек-Барања, полицискиот службеник е сменет од служба и против него ќе биде поднесено барање за поведување дисциплинска постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.