Објавени се главните резултати од шишето од кое се напил младиот човек кој се отру во Риека, Хрватска.

Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени раствори (pH=13,6).“, соопшти полицијата.

„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач. Понатаму, во 20 неспорни стаклени шишиња од истиот пијалок, добиени во оригиналното пакување, се пронајдени проѕирни течности со pH вредност од 3,5 , што одговара на pH вредностите на овие видови пијалоци.

Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише безалкохолен пијалок при што е утврдено дека течноста од шишето има pH вредност од 2,59, што е исто така вообичаено за овој вид пијалок, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид на пијалок“, соопшти полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.