На рускиот амбасадор во Загреб му било укажано оти вкупно 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб треба да ја напуштат земјата согласно Виенската конвенција за дипломатски односи
Хрватска побара од 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб да ја напуштат земјата, односно вкупно 24 вработени во амбасадата.

Рускиот амбасадор во Хрватска денеска бил повикан во Министерството за надворешни и европски работи каде му била врачена и нота со која бил информиран за одлуката на Хрватска да го намали бројот на вработени во Руската амбасада во Загреб, согласно Виенската конвенција за дипломатски односи.

Воедно, на руската страна и бил повторен повикот за итен прекин на воените активност и повлекување на руските трупи од целата територија на Украина, а укажана била и потребата за итно осигурување на патиштата за евакуација на населението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.