Во февруари годинава полицијата на кантонот Сараево издало речиси три пати повеќе одобренија за набавка на огнено оружје од месечниот просек во претходните години, Радио телевизија на Република Српска (РТРС).

Сараевското МВР во текот на февруари издало 200 одобренија за набавка на огнено оружје и 158 потврди за оружје на физички лица. Слична состојба ез абележана и еден месец претходно, па така во јануари полицијата издала 131 одобрение и 96 документи за оружје.

Како што обајви РТРС, тенденција на постојано зголемување на пристигнатите барања за располагање со огнено оружје е забележана од средината на минатата година.

Ретки се барањата што се решени негативно, иако полицијата тврди дека сараевските „љубители“ на огненото оружје се подложени на ригорозни контроли.

Со постојаното зголемување на бројот на нелегалното оружје, како што се наведува, странските агенции проценуваат дека во моментов на територијата на БиХ има околу 820.000 парчиња.

Координативниот одбор за контрола на малото и лесно оружје на БиХ минатата година имаше повеќе од 320.000 легално регистрирани оружја.

Од нив, речиси 200.000 во Федерацијата БиХ, а останатите во Српска и округот Брчко. Во Федерацијата има околу 13.000 новорегистрирани, а најмногу во кантоните со мнозинско бошњачко население. Само во Сараево лани биле издадени 1.300 одобренија.

РТРС наведува дека, доколку полицијата продолжи да пишува одобренија, во оваа година ќе има двојно повеќе и се додава дека долгорочната статистика е неумолива.

Од 2016 година, кога двата ентитета имаа речиси идентичен број регистрирани сопственици на оружје, по околу 160.000, има постојан пад во Република Српска и постојан пораст во Федерацијата БиХ.

Заедно со арсеналите нерегистрирано оружје, кои полицијата ги пронаоѓа по извршување на кривични дела, се поставува прашањето – за што е наменето сараевското оружје, легално и нелегално, коментира Радио телевизија на Република Српска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.