Делегација на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот парламент денеска почнува тридневна посета на Бугарија, соопшти ЕП.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, европратениците ќе ги испитаат наводите за корупција и злоупотреба на јавните средства и како тие влијаат врз финансиските интереси на ЕУ.

Во делегацијата се Томаш Здечовски (ЕПП, Чешка), Цветелина Пенкова (С&Д, Бугарија), Софија ин’т Велт (Рењу, Холандија), Виола фон Крамон-Таубадел (Зелени / ЕСА, Германија), Јоаким Кус (ИД, Германија) , Ришард Чарнецки (EQF, Полска) и Андреј Новаков (ЕПП, Бугарија) како придружен член.

Делегацијата ќе има средби со различни бугарски граѓански организации, истражувачки новинари, како и со високи државни и владини претставници директно или индиректно вклучени во администрацијата и управувањето со европските фондови во Бугарија, вклучително и министерствата за финансии, внатрешни работи и за земјоделство, како и како и Обвинителството, Националното собрание на Бугарија, Извршната агенција одговорна за ревизија на фондовите на ЕУ, Националната канцеларија за ревизија и Националната асоцијација на општини во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.