Владата на Хрватска донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција, со придонес од пет милиони евра.

Хрватската Влада одржа телефонска седница на која донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција на високо ниво за Украина, во коорганизација на Владата на Полска, Владата на Кралството Шведска и на претседателот на Европскиот совет, со учество на потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, со придонес од 5.000.000 евра – соопштија од владината Канцеларија за односи со јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.