Хрватска стана полноправен партнер во програмата на САД за укинување на визи, со што на граѓаните им се овозможува без виза да патуваат во САД, потврди претставникот на американската амбасада во Загреб, Марк Флеминг.

Флеминг истакна дека на влезот на Хрватска во оваа програма и претходело исполнување на строги критериуми.

– Хрватска стана 40-ти учесник во програмата за укинување на визите во САД, исклучиво со исполнување на строгите критериуми за влез во програмата. Влезот на Хрватска во овој ексклузивен клуб е резултат на напорна работа, експертиза и ефективни напори на хрватската влада да ги исполни барањата од оваа програма, напиша Флеминг на Твитер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.