Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадиај го поздрави официјалниот влез на Шведска во НАТО.

Харадинај оцени дека Северноатлантската алијанса се зајакнала со приемот во своите редови на таа скандинавска држава.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.

Политичко-воениот сојуз – НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. е надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.