По брзата интервенција на надлежните служби, штетата е санирана, а авиосообраќајот на аеродромот е нормализиран од 17:00 часот попладнево
Полетувањата и слетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска беа привремено прекинати откако пистата на аеродромот беше погодена од гром и оштетена, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

„За време на силното невреме кое попладнево го зафати подрачјето на Сурчина, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и оштетена, па полетувањата и слетувањата беа привремено прекинати“, соопштија од аеродромот „Никола Тесла“.

По брзата интервенција на надлежните служби, штетата е санирана, а авиосообраќајот на аеродромот е нормализиран од 17:00 часот попладнево.

Вчера, во доцните попладневни часови Белград беше погоден од силен дожд, пропратен со електрични празнења.

Невреме имало и во градот Шабац во Срем, каде паднале 30 литри дожд на метар квадратен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.