Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока. И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.
Сакеларопулу, за време на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да се заборави.
Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требало да се случи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.