Од април годинава во Бугарија престојот во градинките и јасли ќе биде бесплатен.

Владата ќе инвестира 70 милиони лева за изградба на градинки – најави бугарскиот премиер, Кирил Петков по владината седница.

Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат125 отсто од просечната плата.

Нема да има пензионер под прагот на сиромаштија – тврди бугарскиот премиер.

Петков додаде дека сите мерки за поддршка на бизнисот, како 60/40, остануваат најмалку во наредните шест месеци, а мерките за поддршка се задржуваат поради високите цени на струјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.