Босанската престолнина Сараево доби банкомат за биткоин. Банкоматот е отворен во центарот на градот.
Преку банкоматот е можно брзо и лесно менување на криптовалутите BTC, ETH, LTC и USDT во готовина и готовина во криптовалута, а се поддржува и работа во домашна валута, пренесува Индикатор.ба.
Мрежата на биткоин банкомати „Shitcoins.club“ почна во мај 2017 година, а првиот банкомат за криптовалути е отворен во Полска каде што корисниците можеа да купуваат или да продаваат криптовалути за готовина. Сега компанијата има свои банкомати во скоро цела Европа и продолжува да се шири.
Оданочувањето на трговијата со криптовалути сè уште не е дефинирано со Законот за ДДВ во Босна и Херцеговина.
Јануари беше најдобриот месец на биткоин од октомври 2021 година и неговиот најдобар јануари од 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.