Неколку лица се пренесени во болница, а двајца приклучени на апарати, по пожарот што изби во центарот на Солун во близина на плоштадот Аристотел, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот, што е ставен под контрола, веројатно избил во напуштен објект, а пожарникарите спасиле 44 лица од соседните згради.

Противпожарната служба интервенирала со 12 возила и 40 пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.