Секој ден во хрватските училишта има се помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на корона вирусот што трае цела недела.
Според Министерството за наука и образование, 9.158 ученици во Хрватска вчера не дошле на училиште поради позитивен тест за Ковид или попради мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници останале дома од истите причини. Во моментов, позитивен тест имаат 6.468 ученици и 1.391 вработен, што е зголемување за 680 ученици и 95 вработени за само еден ден.
Ако на болните им се додадат и пациентите во самоизолација, за 24 часа од училишниот систем „испаднале“ 1.197 ученици и 113 наставници.
За брзината со која се шири корона вирусот во училишните клупи најдобро говори податокот дека од првиот ден од полугодието, за само четири дена, бројот на заразени ученици се зголемил за 2.352, а бројот на ученици во самоизолација за 1.700. Истовремено, за четири дена училишниот персонал има 401 новозаболен вработен и уште 71 вработен во самоизолација.
Вкупно, од понеделник до четврток, бројот на оние кои морале да останат дома во училишниот систем поради Ковид-19 е 4.527 ученици и вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.