Инспекторите на српското МВР и хрватските колеги наводно истражуваат што и рекол исчезнатиот сплитчанец Матеј Периш (27) на сестрата на својот пријател ноќта на неговото исчезнување.

Имено, утврдено е дека Матеј последниот телефонски разговор го имал со пријателка, а полицијата смета дека нејзиниот исказ би можел да биде пресуден за расветлување на неговото исчезнување.

Се работи за спличанка и сестра на нивниот добар пријател, кои наскоро повторно ќе бидат детално сослушани во хрватската полиција. Според неофицијални информации таа се уште е во Белград.

Сплиќанката чиј идентитет се крие поради тајноста на истрагата и почитувањето на нејзината приватност е сопственик на компанија за наутички туризам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.