Според излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“, коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија, јавува дописникот на МИА од Софија.

ГЕРБ-СДС, според резултатите на агенцијата во 19 часот, покажуваат дека ГЕРБ-СДС добила 25,5 отсто од гласовите. Втора политичка сила е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со 19,9 отсто. Движењето за права и слободи добило 14,4%, БСП 10,2%, националистичката „Преродба“ 10%, „Демократска Бугарија“ 7,9%.

Според излезната анкета партијата на Слави Трифонов „Има таков народ “, исто така, е под прагот со 4,2 отсто, како и „Бугарскиот подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев со 2,9 отсто, „Исправи се Бугарија“ на националниот правобранител Маја Манолова – 1,1 отсто и ВМРО – 0,9 отсто.

Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).

Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.